Силата не е во физичката моќ, таа е во прифаќање и носење на сите оние предизвици и проблеми со кои секој ден се среќавате. Силата е во сфаќањето дека тогаш кога почувствувате тежина на својата криза нема по првиот пад да останете на земја, туку ќе станете и ќе ја понесете до крајот на својот пат.
За да бидете силни изворот на својата сила мора да го барате во себе, а не во другите
Другите луѓе не може да ве направат стрпливи, сочувствителни, храбри или доследни. Не треба тоа ни да го очекувате од другите. Мора да почнете од самите себе, и изворите на сила да почнете да ги барате внатре во својата душа .
За да бидете силни не смеете да се плашите од болка
Стравот од самата болка понекогаш е пострашен и од неа самата. Колку досега тешки работи во животот сте поднеле и тоа е доказ дека можете да ги поднесете и оние кои се пред вас. Вашата сила почнува кога ќе одлучите да бидете силни и покрај проблемите и тешкотиите кои ве притискаат бидејќи сфаќате дека тој вид на болка е само еден пат кон напред во животот.
За да бидете силни сфатете дека позитивноста е единствен пат
Не само што од сите страни не опкружуваат негативни луѓе, туку и внатре во нас самите притискаат негативни мисли. Негативноста е најголем непријател на силата, бидејќи ја одзема без никаква причина. Само е потребна една одлука за да ја отпуштите таа негативност.
За да бидете силни, сфатете дека не мора се да биде под контрола
Дали некогаш сте виделе борци кои за конец ќе победат иако многу работи не се под нивна контрола. Животот е таков, треба да се менуваат само работите кои можеме да ги менуваме, да ги прифатиме оние кои не можеме да ги менуваме и да ја разбереме разликата меѓу тие работи.
За да бидете силни треба да верувате дека тоа можете да бидете
Вашата сила е во вашата верба. Да верувате во себе значи да верувате дека можете да се носите со животните предизвици и дека во моменти на проблеми нема откажување.