2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Миленко до Оливер Спасовски: Кога се џиткаш со закани треба да си свесен дека правото да се гласа и да не се гласа е еднакво заштитено!

Познатиот ТВ шоумен и водител Миленко Неделковски кој што во повеќе наврати е контроверзен поради своите ставови, денеска повторно излезе со нов фејсбук статус во кој упатува прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ЕВЕ ШТО НАПИША НЕДЕЛКОВСКИ:

МВР ќе казнувал!

Ги фатија сите криминалци, сите убијци, сите лопови па сега на ред дојдоа граѓаните!

Прашање до министерот Спасовски!

ДАЛИ МВР ЌЕ ГИ КАЗНУВА СИТЕ ОНИЕ ШТО БУКВАЛНО СЕКОЈА СЕКУНДА НЕ ТОРМОЗАТ СО МАЛОУМНИ СПОТОВИ ВО КОИ ИМА КУП ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ?

ДАЛИ НЕКОЈ ОД ВЛАСТА ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ЛАЖНОТО И МАНИПУЛАТИВНО РЕФЕРЕНДУМСКО ПРАШАЊЕ ДЕКА ОВОЈ РЕФЕРЕНДУМ Е ЗА ЕУ И НАТО, а всушност е само и само за промена на ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ?

Ќе одговара ли некој за сите овие лаги и глупости?

Кога се џиткаш Оливер со закани и уцени треба да си свесен дека правото да се гласа и да не се гласа е ЕДНАКВО ЗАШТИТЕНО!

А ДУХОВНАТА ТОРТУРА ШТО ЈА ПРАВИШ НАД ГРАЃАНИТЕ Е ЗАБРАНЕТА СО УСТАВ И КАЗНИВА СО ЗАКОН!

НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!

поврзани објави

Последни објави