2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вистината во само една реченица: Живееме во држава каде за кило кебапи и влечење на коса се добива 4 години затвор, а за крадење на милиони нема никаква одговорност!

„Треба да кажеме јасно дека ние живееме во едно апсолутно неправично и неправедно општество. Во едно општество во кое за кило кебапчиња и за влечење на коса се добива 4 години затвор, а за крадење на милионски средства од даноците на граѓаните и од буџетот на државата, за 27 години никој не сносил никаква одговорност “, изјави Петар Колев во своите заклучни зборови за време на промоцијата на Conservative.mk.
Лидерот на ГДУ повторно повика на обединување на сите конзервативци во земјата со цел борба за имплементирање на основните конзервативни вредности како правда и правичност во општествениот живот на државата. Колев ја поздрави иницијативата за создавање на платформата Conservative.mk и препорача идеите на конзерватизмот да бидат што побрзо популаризирани во Р. Македонија.

поврзани објави

Последни објави