Две лица биле во возилото во кое биле испукани триесетина куршуми од друго возило без регистарски таблички синоќа во скопската населба Ченто.
МКД.МК. пишува дека инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто во возило „мерцедес-бенц“ кое буквално било изрешетано од 30 куршуми.
Едното лице е во болница и е надвор од животна опасност, а второто било пуштено на домашно лекување, а неофицијално се работи за крвна одмазда.
Се очекуваат детали од полицијата.