Пратеникот Петрос Константинеас, кој е дел од владејачката партија Сириза во Грција, синоќа бил нападнат од група непознати лица, поради што бил пренесен во болница.
Од извори блиски до Петрос, повредите не биле опасни, но начинот на кој бил нападнат од група од 30 луѓе, додека излегувал со својот син од стадионот, доволно говори за размислувањето на напаѓачите.
Грчкиот министер за европски прашања Јоргос Катругалос изјави дека напаѓачите биле припадници на екстремната десница.
Од полицијата информираа дека се приведени 5 осомничени лица за нападот. Константинеас, кој има 40 години е поранешен фудбалски судија и пекар. Во парламентот на Грција влезе во 2015 година.