-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Иванов од Њу Џерси: Од нас зависи дали ќе ја сочуваме одлуката од првиот референдум

Ние одлучуваме дали ќе ја сочуваме одлуката од првиот референдум за Република Македонија во која ќе бидеме свои на своето или правно ќе се укинеме како народ и ќе дозволиме друг да ни ја толкува историјата и да ни ја одзема иднината, порача претседателот Ѓорге Иванов, за време на неговата посета на македонската заедница во Њу Џерси.

„Сакам да бидам јасен. Конечната одговорност е на македонските граѓани. Бидејќи, каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме. Од нас зависи дали ќе ја сочуваме одлуката од првиот референдум за Република Македонија во која ќе бидеме свои на своето, во која нема да се воздржуваме да кажеме дека сме Македонци, дека нашите предци биле Македонци. Или, ќе се одлучи да се поништи одлуката од претходниот референдум од 8 септември 1991 година. Дали правно ќе се укинеме како народ и ќе дозволиме некој друг да ни го толкува минатото и да ни ја одзема иднината“, изјави Иванов, кој во Сидер Гроув, ја посети Македонската православна црква „Св Кирил и Методиј“.

Иванов уште еднаш потврди дека нема да гласа на претстојниот референдум закажан за 30 септември.

Претседателот Иванов од денеска во Њујорк го започнува учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации. Предвидено е претседателот Иванов да се обрати пред Генералното Собрание на ОН на 27 септември.

поврзани објави

Последни објави