4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димитров потврди: Ако мнозинството гласа ЗА, цензусот не е важен

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, потврди дека за иднината на државата ќе се одлува на референдум со гласање, на кој што ако мнозинството граѓани од тие што ќе излезат, гласаат ЗА, тогаш процедурите за имплементација на Преспанскиот договор ќе продолжат и во случај ако цензусот не биде достигнат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски има пак сосема поинакво мислење. Ако на референдумот не излезезат над 900 000 гласачи, тоа не значи дека граѓаните немаат став, туку дека ако цензусот не се достигнел, односно договорот не поминал кај граѓаните.

Министерот за надворешни Никола Димитров потврди дека за иднината на државата се одлучува на референдум со гласање, така што ако мнозинството граѓани, од тие што ќе излезат гласаат ЗА, тогаш процедурите за имплементација на Преспанскиот договор ќе продолжат и во хипотетичко сценарио ако цензусот не биде достигнат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски има пак сосема поинакво мислење. Ако на референдумот не излезезат над 900 000 гласачи, тоа не значи дека граѓаните немаат став, туку дека ако цензусот не се достигнел, односно договорот не поминал кај граѓаните, смета Мицкоски…

Но и покрај ваквите различни гледишта има едно нешто, што барем засега се чини ги обединува двете партии, а тоа е “предвремени парламентарни избори” . Ако договорот пропадне, сосема е извесно дека ќе се оди на брзи избори. Во сценарио е тоа да се случи и доколку уставните измени, за чие носење е потребно двотретинско мнозинство, запне во законодавниот дом. Ова го потврди и советникот на владата Бојан Маричиќ, кој во интервју кажа дека се размислува и за предвремени избори доколку договорот падне или имплементацијата се за кочи во собранието.

А и на референдумот и на можните избори треба да гласаат граѓаните. На дел од нив им е преку глава од избори, а други сметаат дека тоа и не е така лоша идеа.

Како и да е , сите, или најголем дел од дилемите ќе бидат расчистени до крајот на неделава, кога граѓаните ќе треба да одлучат за иднината, па и судбината на нашата земја.

поврзани објави

Последни објави