8.8 C
Skopje
Tuesday, October 29, 2024

Инцидент на свадба: Се урна хеликоптерот со кој леташе невестата (ВИДЕО)

Хеликоптер кој бил изнајмен за превоз на невестата на свадба во Сао Паоло во Бразил се урна и запали, но за среќа невестата остана без без повреди.

Еден од очевидците изјавил дека хеликоптерот се затресол во воздухот и паднал на тлото непосредно пред слетувањето. Невестата и пилотот успеале да излезат и да избагаат од хеликоптерот.

Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата за многу кусо време, успеале да ги извлечат од леталото и преостанатите тројца патници. Потоа хеликоптерот за запалил, но брзо пожарот е изгаснат.

И покрај инцидентот свадбата не е откажана.

поврзани објави

Последни објави