-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

НАЈНОВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Бројките го покажуваат следното

ТВ 21 спроведе анкета во периодот помеѓу 13 и 24 Септември 2018 на 3136 испитаници.

Во истражувањето граѓаните ги ,изразуваа своите ставови за претстојниот референдум.

Анкетата беше реализирана со користење на случаен читател на веб стрницата, а во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност.

Во прилог се резултатите од истражувањето во однос ставовите за референдумот.

Од спроведената анкета, може да се заклучи дека половина од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат „ЗА“, Околу 19% од испитаниците одговориле дека или ќе го бојкотираат референдумот или нема да излезат на гласање. Најмал е процентот кои одговориле дека ќе гласаат „ПРОТИВ“ на 30. септември.

Овие трендови беа очекувани со оглед на тоа дека практично не постои кампања за референдумот која би повикувала на гласање против, додека најактивни се кампањите за гласање ЗА и кампањата БОЈКОТИРАМ (претежно на социјалните мрежи).

Анкетата беше спроведена на интернет порталот на ТВ 21 (www.tv21.mk).

Целиот напис можете да го видите на изворот – ТВ21 ОВДЕ 

поврзани објави

Последни објави