-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Драма во полициска станица: Полицаец нападнал претпоставен поради банална причина

Вистинска драма се случувало во полициската станица во Струмица, каде Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Н.Д. (41) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Пријавениот, инаку вработен во ПС од општа надлежност во Струмица од заменик командирот усно побарал да добие слободен ден на 20. септември, по што му било укажано да достави писмено барање.

Н.Д. преку командирот на полициската станица доставил барање на што од страна на заменик командирот било нагласено дека распоредот се изготвува најдоцна до 12 часот и во иднина барањата за слободен ден да се доставуват навремено, заради планирање на службите на Станицата.

Најпрво започнала расправија на висок тон, за потоа пријавениот Н.Д. да го удари претпоставениот во пределот на вратот. Секторот за внатрешни работи Струмица против пријавениот, како вработен во ПС ОН Струмица, ќе покрене постапка за дисциплинска одговорност.

поврзани објави

Последни објави