-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ФОТО) Што беше тоа фер-плеј: Меси ја згрози спортската јавност со својот потег

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, Лионел Меси ја згрози целата спортска јавност, откако одби да се поздрави со судијата Хил Манзано на крајот од средбата.

Синоќа Барселона одигра само реми 2:2 против Хирона пред своите гледачи, а вина за овој неуспех Меси веројатно гледа во главниот судија Манзано, кој му додели црвен картон на домашниот фудбалер Ленгле за удар со лакт врз противнички играч.

Набрзо гостите дојдоа до пресврт и водство од 1:2, а „каталонците“ до крајот само изедначија и избегнаа пораз пред својата публика. Незадоволен од тоа како го водеше натпреварот главниот судија беше Лионел Меси, кој на крајот не се поздрави со судијата, иако Манзано ја пружи својата рака.

Поради ваквиот потег, Меси веќе е осуден од љубителите на спортот, кои велат дека Аргентинецот не покажал ни малку фер-плеј што е главен предуслов за голем играч и пред се капитен на еден фудбалски гигант како Барселона.

поврзани објави

Последни објави