-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Никој не очекуваше ваков свадбен подарок: Еве што му подари кумата Милица Тодоровиќ на познатиот пејач Стеван Анѓелковиќ

Пејачката Милица Тодоровиќ овој викенд беше кума на свадбата на познатиот пејач Стеван Анѓелковиќ, а на церемонијата се појави со нејзиното момче Милош Пауновиќ.

Калиопи ѝ правеше друштво на српската пејачка Милица Тодоровиќ за време на свадбената прослава на поранешната „Ѕвезда на Гранд“, пејачот Стеван Анѓелковиќ. Македонската поп-пејачка објави и видео од свадбата.

Милица бше кума на младоженеците и со стилот на облекувањето го сврте вниманието кон себе, па дури и ја засени Калиопи, коментираат на социјалните мрежи, откако беше пуштено видеото. Милица на венчавката во црква дојде облечена во сребрен фустан со гол грб и висок шлиц. Калиопи, пак, беше облечена во црн долг фустан, со едноставен крој.

Стеван и Наташа живеа заедно подолго време, а се венчаа во црквата „Св. Димитриј“ во Белград.

Пејачката за српските медиуми вели дека претходно немала прилика да биде кума и не ги знаела свадбените обичаи, но откако новинарите ја запрашаа што ќе им подари на младенците таа ги изненади сите со одговорот:

-Телевизор, ламба, правосмукалка, миксер. И он некогаш да готви…Ништо од тие обичаи не знаев, па ме поднаучија…, вели Милица.

поврзани објави

Последни објави