4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски: Да беше само Договорот ставен на референдумот јас ќе ги убедував граѓаните да гласаат

При гостувањето вечерва во Топ Тема, лидерот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски кажа дека партијата има познат став против промена на Уставот за промена на уставното име, тој став не се менува.

„Референдумското прашање е повеќезначно и е спротивно на законот. Партиските тела донесоа одлука да им остават на граѓаните сами да одлучат како ќе постапат на референдумот“.

„На последната лидерска средба кога се постави прашањето за референдумот, дали да биде консултативен или задолжителен и како ќе биде поставено, да дојде до решение, но тогаш нашите предлози беа отфрлени од владејачкото мнозинство.

Замоливме да не се брза бидејќи со ова прашање погрешно се наведуваат гласачите. Ние се залагавме решението за името да биде поставено на референдум, но ова референдумско прашање излегува од тој став“, додаде Мицкоски.

„Ние имаме прашање кое е неприродно поврзано со ЕУ и НАТО. Сите сме јасно изјаснети дека сме за членство, веќе има одлука на Уставен суд дека нема потреба од референдумско изјаснување за влез во НАТО. Доколку само Договорот беше ставен на референдумот јас ќе излезев да ги убедувам граѓаните да гласаат против“, кажа Мицкоски.

„Има луѓе кои се против одлуките и политиките на Заев и не веруваат во кредибилен референдум и во институциите на СДСМ и затоа ќе се одлучат да апстинираат од гласање. Тоа е чесна и искрена идеја за апстинирање, тие луѓе имаат револт, но некој сака да ги злоупотреби нивните намери“, вели Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави