На прашањето на водителката на Топ Тема за односот со поранешниот претседател, актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече: “Извесен период не комуницирам со мојот претходник Никола Груевски, рече тој одговарајќи на прашањето „По колку пати дневно се слуша со Груевски?“.
Тој во неговото гостување на Топ тема на ваша страна на Телма ТВ, одговараше и на прашања од гледачите, па по тоа колку пати контактира со претходникот, следуваше и прашање дали Мицкоски преговара за амнестија на Груевски?
– Не – категорично одговори тој додавајќи дека сака да ги отфрли сите информации кои се појавуваат околу оваа тема.
Зборувајќи на тема за референдумот, тој индиректно кажа дека биде успешен не планира да си поднесе оставка.
– Одгоорноста на политичкиот лидер се бара на избори кога се бираат пратеници – рече Мицкоски.