-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јанушев до Манчевски: СДСМ се плаши, затоа организиравте консултативен референдум

Генералниот секретар на најголемата опозициска партија, Игор Јанушев во своето вечерашно гостување во емисијата Анализа на телевизија 24 истакна дека доколку власта на СДСМ очекувала дека Договорот од Преспа ќе го поддржи мнозинството на граѓаните во Македонија, референдумот ќе бил задолжителен, а не како што е сега консултативен.

„Доколку оваа власт беше сигурна дека поголемиот дел од граѓаните го поддржуваат овој референдум, ќе организираше задолжителен референдум, чија одлука ќе се почитува, а не консултативен, кој го гледа само мислењето на граѓаните, но не е задолжителен“, изјави Јанушев.

Ваквата реакција на Јанушев доаѓа како одговор на тезата на неговиот соговорник, министерот за јавна администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски кој забележа дека тој го смета референдумот уште сега за успешен.

Според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, успешноста на референдумот не може да се толкува, односно потребно е да излезат најмалку педесет плус еден процент од запишаните гласачи во избирачкиот список, па дури потоа истиот референдум да биде валиден.

поврзани објави

Последни објави