Коалицијата на десницата во Шведска, заеднички се обедини и му изгласа недоверба на социјалдемократскиот премиер Стефан Левен, кој остана без значаен број на пратеници, по изборите на 9 септември, каде ниту една партија не освои мнозинство.
На Левен недоверба му изгласаа 204 од вкупно 349 пратеници, односно сите пратениците на десницата, центарот и екстремната левица, минус еден глас.
Левен ќе остане во својство на вршител на должноста додека не се донесе одлука кој ќе го замени. Него ќе го замени предлог даден од претседателот на парламентот, процес кој може да трае повеќе седмици.
Левен, водач на социјалдемократите од левиот центар, дојде на власт во 2014 година. Сепак, неговата централнолевичарска алијанса освои 144 места месецов, само едно повеќе од опозицијата на десниот центар.