10.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

ФОТО: Нема да ја препознаете – Калиопи се потстрижи кратко

Збогум на долгата коса по која беше препознатлива македонската дива. Пејачката Калиопи ја скрати косата, ја смени фризурата, па објави фотографија на социјалните мрежи.

Пред неполн месец, Калиопи доживеа трагедија во својата потесна фамилија, откако ја загуби својата тетка. Таа откри дека тетка и била онаа што секогаш ја поддржувала и ја поттикнала да биде музичар.

„„Ти беше Таа што за прв пат ме однесе на Опера… ја гледавме “Тоска”… Имав само 6 години и за време на претставата ти велев:” Тето, тето! Пеачката гледа цело време во мене додека пее!” Таа ноќ после претставата , одевме пешки од Универзална сала до кај тебе дома, во Тафталиџе … Цело време по пат ти пеев… Кој знае колку смешна сум ти била…Но ,Ти во секој еден момент ми влеваше чувство дека многу сериозно и силно ме доживуваш… Таа ноќ мила моја, во тој незаборавен и прекрасен Мај, моето мало срце реши што сака биде кога ќе порасне … И до твојот последен здив, Ти пееше со мене… Овие редови Ти ги посветувам тебе моја единствена , зашто знам дека би била пресреќна кога би ги читала… Иако, Ти сето ова веќе го знаеш…
Среќен ти пат кон вечноста!“, напиша тогаш Калиопи.

поврзани објави

Последни објави