Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ повторно го изненади регионот со своја постапка.
Имено, таа во текот на својата посета на САД присуствуваше на 25 годишнината на Националната федерација на американските Хрвати.
Колинда ја искористи таа прилика и ја запеа песната на познатиот хрватски пејач Томпсон „Лијепа ли си“, но имаше проблеми со зборовите, па читаше од телефонот.