Ајде овој пат да не го прифатиме она кое што ни го нудат, бидејќи нема да ни биде подобро, ниту пак ќе бидеме посреќни. Европа е далеку, колку што е далеку Заев од неговото воспитување, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со граѓаните на градот Ресен, каде што посочи дека ова се судбоносни историски моменти за нашата држава, за нашата нација.
Лидерот на најголемата опозициска партија посочи дека со СДСМ раководат луѓе кои во време на транзицијата ветуваа дека ќе го смениме Уставот, ќе го смениме знамето и готово ќе појде но државата одново се врти со тие луѓе во круг.
Мицкоски посочи дека со документот кој Заев го склучи со Грција практично иако се споменува во преамбулата повелбата на ОН таа се прекршува бидејќи во својата суштина таа подразбира немешање во внатрешните работи на земјите, а со договорот целосно се задира во внатрешните работи на нашата земја и нејзиниот идентитет.
Мицкоски посочи дека не е вистина дека македонскиот јазик го сочувал Заев бидејќи тоа е веќе стекнато право уште во седумдесетите години, но овој пат се додава со договорот фуснота дека е со словенско потекло, а ниту еден друг јазик од таа група на јазици не се дообјаснува со фуснота.