6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Полицаец во Тетово при обид да легитимира бил прегазен од кола

Во текот на вчерашниот ден во Тетово, полициски службеник кој работел со специјалното возило „Пајак“ при обид да легитимират едно возило и неговиот возач бил прегазен по што завршил во болница.

Според информациите на МВР во 10.55 часот во Тетово, додека полициски службеник работел со специјалното возило „Пајак“ на кружниот тек од ул.„Јане Сандански“ и ул.„Ѓ.Стојчевски“, забележал неправилно паркирано ПМВ „Форд Транзит“ со тетовски регистарски ознаки.

Притоа, полицискиот службеник побарал документи од возачот, кој во моментот дошол, ја отворил задната врата и му одговорил дека кај него нема никакви документи и влегол во возилото. Полицискиот службеник излегол пред возилото од десната страна со цел да ја запише регистарската таблица, но возачот го стартувал возилото и  го удрил полицискиот службеник во пределот на левата нога.

Истиот се јавил на лекарски преглед во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош и констатирани му биле телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Околу 12.25 часот  Р.Ш.(69) од с.Стримница дошол во просториите на СВР Тетово со цел да донесе документација во врска со неправилното паркирање и притоа во разговор со полициските службеници дознал дека при тргнување со возилото го удрил полицискиот службеник во пределот на ногата.

поврзани објави

Последни објави