Во вечерашното гостување на „Топ Тема“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски на досега невидените навреди од министерот за надворешени работи, Никола Димитров одговори дека тој е дел од група која после референдумот се спрема да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.
– Јас знам дека Димитров е дел од една екипа која што се обидува да покрене судски спор, по завршувањето на рефередумот за забранување на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како и на името ВМРО. И тоа го прави за да си ја испере совеста од минатите години каде беше на високи државни функции баш во време на ВМРО-ДПМНЕ, рече Димитров.
Инаку, за време на дебатата на ТОП Тема Димитров и Николовски имаа жестока дискусија на која што претставникот на власта не откри што ќе пишува во уставните амандмани кои се предвидени со договорот. Во дебатата, работите зовреа кога потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваше министерот што говорел во минатото, кога беше преговарач на името назначен од екс премиерот Никола Груевски, минато од кое Димитров се дистанцира до ниво да запраша „Што правевте вие 11 години“.
Николоски ги спомна и мемоарите на Киро Глигоров, каде се понудени пари за промена на името, а воедно го потсети и околу Кочо Анѓушев кој ја продаде својата фирма на грчкото електростопанство,