4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Женскиот Боки 13 го промени својот изглед до непрепознатливост (ФОТО)

Се сеќавате ли на Биг Мама? Јавноста ја запозна како ексцентричната, буцкаста, но симпатична албанска пејачка, а подоцна и ТВ водителка која во почетокот на новиот милениум беше прилично популарна.

Тогаш, а и денес, Биг Мама ја споредуваа со нашиот Боки 13, а имаше и зошто. Обајцата по многу нешета беа слични.

Најпрвин физичкиот изглед, во кој доминираше буцкастата физиономија, егоцентричноста во однесувањето, желбата да се биде медиумски присутен и познат, недефинираната сексуална определба…

Естрадните обиди во професијата како што е пеењето или ТВ водителството на обајцата им беа во фокусот на интересот, се разбира секој со своето ниво на  дарба од Бога или Алах – сеедно! Боки тоа подобро го правеше кога микрофонот го користеше како ораторска алатка, Биг Мама пак, поуспешно како средство за пеење.

Никогаш не водеа заедно ТВ шоу, ама затоа заедно направија естраден циркуз доведен на ниво на скандал, кога заедничката песна „Холивуд“ во која специјален гостин им беше Ферус Мустафов, не успеа да стане наш претставник на Песна на Евровизијата.

Мултиетничкиот дует кој всушност беше трио (Македонец – Албанка – Ром) беше повеќе доби на публицитет заради „прашината“ која се крена по неговото не прифаќање да биде македонски претставник на Евросонг, отколку заради самата песна, иако, рака на срце, гледајќи што се поминуваше на истата таа Евровизија, нивната, во случајот нашата „Холивуд“, можеби и ќе беше  погодок!

Како и да е, тој Евросонг како и многу евровизии подоцна минаа, песната се загуби некаде во морето од музички обиди, а Боки и Биг Мама со помали или поголеми паузи, на овој или оној начин и понатаму останаа во шоубизнисот.

Она што денес повторно ги поврзува е не само естрадниопт еснаф, туку и физичкиот изглед. Како да се однапред одговорени, едниот да го следи другиот!?


Имено, и Боки и Биг Мама, денес  изгледаат сосема поинаку. Со тотално променет физички изглед, неколку десетици килограми помалку, со манекенско торзо и поинаков лик…

Извор: Вистина<

поврзани објави

Последни објави