4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Дали го имаме новиот победник во Никогаш не е доцна – Гоце од Гостивар „растури“ на сцената на Гранд (видео)

Неодамна започнаа новите сезони на регионалните музички шоу, а меѓу нив и „Никогаш не е доцна“.

Во првата емисија на ова музичко шоу имаше многу кандидати кои успеа да го покажат својот талент.

Меѓу нив беше и 60 годишниот Гоце Нестороски од Гостивар. Тој истакна дека долго време се занимава со музика и дека свири на хармоника, а сега одлучи да се претстави и на сцената на Гранд.

Тој се претстави со песната „Скитница“ од Маринко Роквиќ, а жирито беше воодушевено од неговата изведба.

„Јас ништо не би додала, ниту би одземала.Уживав 3ипол минути“, истакна Тијана Дапчевиќ.

Погледнете го настапот на Гоце на 1:09, а можеби и тој ќе биде следниот победник на ова музичко натпреварување.

За потсетување, претходната сезона победи Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран.

Извор: Вистина

поврзани објави

Последни објави