Српската полиција уапси организирана група криминалци, кои препродавале расипано месо од Бразил. Уапсени се седум лица, под сомневање дека препродале 31 тон расипано место и месни преработки од Бразил.
Полицијата од Јагодина и Ужице уапси седум лица за злоупотреба на службената положба.
Тие од јуни до август годинава набавиле 31 тон расипано месо и месни преработки од Бразил со истечен рок на траење. Потоа месото им го продале на разни компании , кои се занимаваат со продажба и преработка на месо.
На оваа акција и претходеше заплена на 23 тони месо во Јагодина на 11 август , кое влегло во Србија преку Косово.