Британскиот медиум „Дејли Мајл“ пренесе вест во која ги откри најлошите запросувања кои биле направени во последните неколку години во нивната земја.
Многупати машкиот пол се труди понудата за брак на својата девојка да биде уникатна. Сигурно паметите запросување кои биле дел од натпревари, телевизиски случувања, па и што уште не.
Сепак постојат и такви кои се навистина без вкус.
1. Јас веќе раскинав со него, а тој ми се јави еден месец подоцна и рече:
– Треба да се омажиш за мене, само да прекинеш со школување.Ти може да седиш дома, и јас ќе платам за тоа, дури и ќе ти платам зголемување на градите. Тоа е единственото нешто што ти фали за да бидеш совршена. Го фрлив телефонот и го блокирав.
2. Го стави прстенот во торба со трева, и јас одговорив со глупаво „Да“. Една година подоцна, ние се раскинавме, фала му на Бога.
3. Момчето на мојата другарка и предложи да и стави импланти во градите. Таа се согласи. Тој ѝ рече дека нема потреба да оди со неа во клиника, но дека ќе биде со неа до нејзиниот кревет кога ќе се разбуди. Кога се врати од болница, и кажа дека и купил импланти наместо прстен, дека цената е иста. Бев збунета. Им честитав за вереничките гради. Тие се венчаа, добија бебе и се разведоа четири години подоцна. Потоа отиде да ги извади силиконите и му ги врати, за и неговата нова жена да може да добие импланти.
4. На мојата мајка поранешниот сопруг и остави порака за запросување на телефонската секретарка, на 1-ви април. Таа не беше сигурна дали се шегува или не. Сепак, тој беше сериозен.
5. Мојот братучед мислеше дека е добра идеја да раскине со својата девојка, а потоа да ја запроси. Ја повика на прошетка, на половина и кажа дека сака да раскинат, а потоа – Дали сакаш да се омажиш за мене?. Дури и денес, не разбирам зошто таа рече „Да”.