Одложен е концеротот кој требаше да се одржи на 13-ти октомври во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во чест на Тоше Проески. Како што информираше организаторот, новиот датум е 2 ноември.
„Концертот е одложен од технички причини, две недели подоцна. Поради новиот термин, одново правиме преговори со балкански ѕвезди кои ќе дојдат и ќе настапат со хитови од Тоше. Ако терминот им одговара, би требало да гостуваат Аки Рахимовски, Борис Новковиќ, Ања Рупел, Јелена Томашевиќ…“, стои во соопштението од Меѓународната Фондација „Тодор Проески“.
На концертот ќе биде промовиран и албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески. Албумот е со наслов “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови.
Организаторите наскоро ќе објават и детали за продажбата на влезниците за кои како што велат цената ќе биде прифатлива, поради тоа што настанот има хуманитарен карактер.