12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ВИДЕО: Ова се немаше случено до сега – авион целосно ја промаши пистата, начинот на кој слета е застрашувачки

Избегната е огромна трагедија на островот Чак во Микронезија, каде авион на компанијата „Air Niugini“ ја промашил пистата и слетал на брегот во океанот. Сето тоа се случувало во раните утрински часови.

Во „Boeing 737“ имало 47 патници плус членови на екипажот. Во целата несреќа огромна среќа е што никој не е повреден, па причинета е само материјална штета.

„Не знаеме точно што се случило и како авионот ја промашил пистата, луѓето беа спасени со бродови, сите 36 патници и 11 членови на екипажот се спасени, единствено авионот потона“, изјави Џими Емилио, главен менаџер на аеродромот Чак во Микронезија.

На социјалните мрежи веќе се појавија и видеа од Папуа Нова Гвинеја, односно точно може да се види каде слетал авионот.

https://twitter.com/HurriyatPk/status/1045548271177994241

поврзани објави

     

Последни објави