21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

100 годишната бабичка Нора ќе се венча со 26 години помладиот маж: Се плашам да не остарам повеќе, затоа сакам сега да уживам!

100 годишната Нора Виткис од Велс наскоро би требало да се омажи за својот вереник Малколм Јејтс кој е од неа помлад 26 години.

74 годишниот Јејтс и Нора се запознале на танцување. Во врска се повеќе од 30 години, а би требало да се венчаат во октомври. Нора која во декември би требало да наполни 101 година вели дека сака да се венча „пред да биде предоцна“. Нора и порано била во брак два пати.

Се веселиме на венчавката. Се плашам дека уште повеќе ќе остарам и ќе ја пропуштам приликата, вели Нора, која претходно има работено како готвачка во училиште.

Фустанот го припремила а фустанот е веќе нарачан. После венчавката со семејството и пријателите ќе отиде во ресторан.

Таа вели дека тие секогаш одат заедно, патувале заедно, а често уживале и да танцуваат.

Нора се родила во 1917 година и за првиот сопруг Фред Томас се омажила на 18 години. Откако тој починал, во 1970 година се омажила за Берт Виткис, со кого во брак била 16 години. Има едно дете. Вели дека тајната на долговечниот живот е во движењето.

Нора вели дека треба да се биде активен во животот, а на младите им порачува да се движат, да запознаваат нови луѓе, да работат и да излегуваат.

поврзани објави

     

Последни објави