Гласачките ливчиња и доверливиот материјал за 1 милион 806 илјади 336 гласачи кои во недела имаат право на глас целосно е дистрибуиран во 80 општини и градот Скопје. На прашањето дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција ќе се одговара во 2.480 избирачки места. Референдумот е консултативен. Изборните органи тврдат дека се подготвени за референдумот.
Ќе се гласа и еден ден претходно. Најмногу иселеници ќе гласаат во Берн, Венеција, Виена, Љубљана и Торонто. Гласањето за референдум е идентично со она на избори: Проверка со ув ламба на десниот палец, лични документи за идентификација и пшотпис во Избрачкиот список.
Референдумскиот процес ќе го набљудуваат на 500 странски и рекордни 12 илјади набљудувачи. Тие го следат гласањето директно на гласачко место при што мора да бидат непристрасни во вршењето на своите задачи и да бидат обележани со беџ издаден од ДИК. Секоја неправилност ќе можат да ја евидентираат во дневникот за гласање. Непрвилности ќе можат да пријавуваат и самите избирачи.
Првичните, неофицијални резултати од гласањето на референдумот би требало да бидат познати в недела вечерта. За официјалните резултати ќе се чека подолго. Општинските комисии се должни да го предадат материјалот во рокод 12 часа,а ДИК првичните офицјални резултати да ги соопшти во рок од 24 часа од гласањето. Конечните резултати пак, с еобјавуваат во Службен весник во рок од 15 дена.