Истрагата во случајот со Наталија Бакшаева (43), канибалката од Краснодар осомничена дека со сопругот изела 30 лица, заврши и се очекува наскоро да почне судењето за неа, а потоа и за нејзиниот сопргу Дмитриј.
Наталија и Дмитриј низ Краснодар ловеле 20 години, уште од 1999 година, но им се суди за едно убиство кое е докажано и и се заканува затвор од 15 години. За сега ќе и се суди само на Наталија, а Дмитриј Бакшаев (35), викан Ѓавол, се лекува од туберкулоза, па подоцна ќе одговара за своите злосторства.
Во кујната од куќата на оваа двојка полицијата нашла обарени и замрзнати човечки остатоци, како и најмалку една тегла со закиселени човечки остатоци и 19 парчиња кожа. Властите претпоставуваат дека тие и припаѓаат на последната нивна жртва, келнерката Елена Варушева (35).
Канибалската двојка се запознала со Јелена на 7 септември 2017 година, а дружењето го продолжиле вечерта: заедно пиеле во еден зафрлен, пуст парк. Пијани жени се скарале, а налутената Наталија на својот слаб и подводлив сопруг му наредила да ја убие Елена.
Дмитриј беспоговор ја послушал, го извадил ножот, кој секогаш го носел со себе во торба и два пати и го зарил во гради. Елена умрела на самото место, а Дмитриј ја искасапил. Некои делови од телото ги зеле со себе, некои ги оставиле.
И тогаш направил фатална грешка: снимил неколку селфи со распарченото тело на Елена. Потоа го избубил мобилниот, кој случајно го нашле работници на градското претпријатие за патишта. Луѓето останале шокирани, и веднаш го однеле мобилниот во полицијата и така канибалската двојка е уапсена.
Жената доминарала над него целосно“, вели истражителот Вадим Ергаев. „Тој целосно и се потчинил. Бил под нејзина целосна контрола. Би рекол дека на злосторство ја поттикнувало тоа што често мешала таблети со алкохол“.
Исто така, двојката со години одела по психијатриски болници и други установи. Се сомнева дека таму запознавале лабилни жени, кои потоа им станувале лесни жртви.