13.8 C
Skopje
Saturday, June 14, 2025

Познат идентитетот на учесниците од синоќа – ликвидиран Наим, брат му на Џељо

По насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на лице место на улица „Рузвелтова” во Скопје.

Таму доцна синоќа две лица го загубија животот во престрелка, додека едно е тешко повредено.

Трите лица се превезувале со возило Сеат алтеа кога врз нив бил отворен оган од возило во движење, кое веднаш го напуштило местото. Возачот на автомобилот Сеат, 44-годишниот Н.А., како и неговиот сопатник 49-годишниот А.П. им подлегнале на повредите во болница, додека 19-годишниот Ф.Е. и натаму е во критична состојба.

Едното лице починало на лице место, а другото подоцна во текот на ноќта. Неофицијално, еден од убиените е братот на Џелал Ајети кој беше убиен во Ченто во 2013 година.

Според полицијата, синоќа 30 минути по полноќ, непознати лица пукале во возило „Сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле Н.А(44), Ф.Е.(19), и А.П.(49), сите од Скопје.

На местото на настанот починал Н.А, а другите лица со Брза помош се однесени во Ургентен центар.

Таму А.П. им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку Џелал Ајети кој беше убиен во 2013 година се тврдеше дека е близок со политичари и со криминалци. Го нарекуваа нарко бос, но се ширеа и информации за давање на заеми со лихва. Самиот тој поседуваше менувачница. 46 годишниот Ајети тогаш беше изрешетан со куршуми. Убиецот добро ја знаел неговата дневна рутина. Во пукањето кога Ајети беше убиен, уште едно лице беше повредено.

Извор: Фактор

поврзани објави

     

Последни објави