6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ахмети по средбата со абмасадорката од ОБСЕ: Време е вистината да излезе на виделина

Лидерот на најголемата албанска партија ДУИ, Али Ахмети, денес оствари средба со амасадорката од ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, на која се разговарало за постизборната ситуација и политичката криза во Македонија.

Како што се наведува во соопштението од ДУИ, Ахмети напоменал за тенденциозната кампања која била водена против него и неговата партија во изминатите две години, и најавил дека времето за вистината да излезе на виделина е дојдено.

Ахмети исто така ги повикал и останатите лидери на политичките партии да се приклучат во овој апел кој е упатен до државната администрација, војската, полицијата и граѓаните со цел да работат според законите поради безбедноста и стабилноста на државата.

„Претседателот Ахмети е решен дека правдата ќе го каже последниот збор и ќе ги отстани сите тенденциозни, злонамерни сомнежи за неговиот лик и ДУИ, правдата треба да победи. Ахмети нагласи дека сите членови на ДУИ, заедно со претседателството, ќе работат во насока на зајакнување на земјата и враќање на довербата на граѓаните во институциите на земјата бидејќи за нас ова не е борба за власт, но за да се зачува албанската национална вредност и за отстранување на сенката, којашто злонамерниците се обидуваат да ја фрлаат врз нас“, стои во соопштението од ДУИ.

поврзани објави

Последни објави