Државната изборна комисија одржа прес-конференција на која ја соопшти излезеноста на дијаспората за референдумот за промена на уставното име, со цел влез во ЕУ и НАТО.
Од вкупно пријавени 2.694 лица, својот глас го дале 985 лица или 36,56% од вкупниот број гласачи. Во оваа бројка не се вклучени избирачките места во Канада, САД и Лондон, каде поради временската разлика, гласањето се уште трае.
Овие бројки од 36,56% излезеност се крајно изненадувачки, особено од лицата кои најавуваа бојкот на референдумот, бидејќи токму дијаспората беше главен адут на оваа опција.
Со излезеноста од повеќе од 1/3 од гласачите, се става знак прашалник дали навистина и до крај дијаспората бојкотираше, или во последен момент го променија своето мислење.
Останува да почекаме во недела да видиме и како гласаше дијаспората. Односно излезените дали гласале ЗА или ПРОТИВ промена на уставното име со цел влез во ЕУ и НАТО.








