25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Џелал Бајрами: Пријавен е напад врз службено лице во Скопје

„Секторот за внатрешни работи Скопје го извести обвинителството за извршено кривично дело, денеска во 9,20 часот во дворот на ОУ ” Лазо Ангеловски” во Скопје на гласачко место број 2708.  Делото е извршено од едно лице кое нападнало тројца униформирани полициски службеници. Осомничениот е задржан во полициска станица.

Во координација на Основното јавно обвинителство Скопје, СВР Скопје постапува за целосно документирање на настанот по што ќе ја достави целата документација со кривична пријава против осомничениот за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик.

Со овој настан не е нарушен процесот на гласање, ниту пак имало некакво влијание кон гласачите во остварување во гласачкото право. Други пријавени незаконитости на територијата на надлежност на Вишото јавно обвинителство Скопје нема”, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.

поврзани објави

     

Последни објави