Според интернет-страницата на Државната изборна комисија до 17.40 часот на гласање излегле 511.410 гласачи, или 29,05 отсто. Од 3.513 избирачки места обработени се 3.372.
Најголема излезност од 54,21 во Општина Сарај, 41,56 има во Липково, во Центар 40,87 отсто, во Арачиново 38,30, 38,11 во Карпош, а во Чаир излегле 36,16 отсрто гласачи.
Најмала излезност има во Општина Илинден 14,47 отсто.
Споредбено со излезноста во 17 часот на изборите од 2017 и 2016 година, забележана е разлика и тоа:
Во 2016 година излезноста во 17 часот била 60,38% а во 2017 година во 17 часот излезноста била 48,95% .