27.8 C
Skopje
Saturday, September 20, 2025

Никола Димитров: Денес силно светнал ден

Силно светнал ден денеска. Повеќе од еден месец политиката зборуваше и објаснуваше колку е голем историскиот влог на оваа денешна раскрсница.

Денеска народот зборува, а народот зборува со гласање, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров откако гласаше на референдумот на гласачко место во Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје.

„Се надевам дека денес ќе биде празник на демократијата и дека конечно нашата Македонија ќе тргне напред и во вистинската насока – кон ЕУ и НАТО со зачувано тоа што ни е важно“, додаде Димитров.

поврзани објави

         

Последни објави