НЕДЕЛНА НОЌ ПОСВЕТЛА ОД ДЕН
Денес, Македонија и Македонците ја пишуваат историјата на Европа, а можеби и првата страница од еулогијата на ЕУ.
Македонија е земја на велик народ и мали луѓе во улога на лидери кои судбината на земјата и народот ги жртвуваат за своите приземни интереси.
Луѓе кои во САД не би излегле од затвор заради криминал, поддржани се од САД и ЕУ како политички лидери за да го спроведат македонскиот холокауст на 21 век.
И не само овие, и тие пред нив, како и ,,столбовите” во националните институции кои секоја година ги гледаме во ред за лигавење.
Националното самоубиство кое ни го нудат не е и не може да биде лек за проблемите на Македонија.
За нас Македонците поразот во оваа борба не постои како опција.
Националниот идентитет се гради со генерации и се брани со генерации.
Браво Македонијо!, напиша Горазд Росоклија, професор на универзитетот во Колумбија, на фејсбук.
НЕДЕЛНА НОЌ ПОСВЕТЛА ОД ДЕНДенес, Македонија и Македонците ја пишуваат историјата на Европа, а можеби и првата…
Posted by Gorazd Rosoklija on Sunday, September 30, 2018