7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мицкоски до Заев: Спремај се за политичка пензија, а не за избори, референдумот е неуспешен!

Зоран Заев не треба да се подготвува за предвремени избори туку за политичка пензија, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев дека очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на граѓаните на референдумот, во спротивно ќе мора да се оди на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски не се изјасни конкретно, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени избори доколку Договорот не помине во Собранието.

Според него, референдумот е неуспешен и за тоа единствен виновник е Зоран Заев и штетниот Договор со Грција.

Извор: Мета

поврзани објави

Последни објави