6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Рејтинг агенциите ептен утнаа со прогнозите за излезноста на граѓаните

Првичните резултати од референдумот покажаа дека речиси сите агенции за истражување на јавното мислење, кои пред референдумот излегоа со анкети за процентот на излезноста на граѓаните, ептен згрешија во нивните прогнози. Односно, тие прогнозираа дека процентот на излезноста ќе биде значително поголем од остварениот, пишува СкопскоЕхо.

Така, на пример, анкетата од 7. август годинава на М-Проспект која ја нарачал МЦМС покажала дека дури 66 отсто од анкетираните граѓани ќе излезат на изјаснувањето.

На 14 август Меѓународниот институт ИФИМЕС од Љубљана прогнозирал излезност на референдумот од 63 отсто.

Во тој период и анкетата на Институт за политички студии покажала дека 43,2 отсто ќе гласаат „за“ а 22 отсто „против“ и дека 22 отсто ќе „бојкотираат“.

Кон крајот на август Институт за демократија и МЦМС од 57,8 проценти од анкетираните добиле одговор дека ќе излезат на гласачките места. И анкетата на телевизија ТВ 21 од 24. септември прогнозираше излезност од 50,25 проценти.

Но, според последни податоци кои ги соопшти ДИК, до 18. 30 часот на референдумот гласале само 34,72 отсто од граѓаните на Македонија.

поврзани објави

Последни објави