-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Британската премиерка Меј: Верувам во Брегзит, ќе ја напуштиме успешно Европската Унија!

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека, како и да завршат преговорите со Европската унија, таа ќе направи британското напуштање на Унијата да биде успешно.

– Верувам во Брегзит. И, што е уште поважно, верувам дека Брегзит може да се реализира на начин на кој ќе се испочитува гласот на граѓаните, а во исто време ќе се заштити нашата заедница, нашата економија и ќе се загарантира дека Брегзит ќе носи успеси во иднината, изјави Меј, ветувајќи дека ќе го почитува гласот на граѓаните од референдумот во 2016 година кога Британците се изјаснија за напуштање на ЕУ.

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија ќе ја чини владата по 500 милиони фунти (650 милиони долари) неделно што во моментов ги брише средствата што може да се спасат од неплаќање на придонеси во Унијата.

поврзани објави

Последни објави