Сонцето влегува во својот минимум во космичката ера. Ултравиолетовото зрачење нагло опадна. Новите истражувања покажаа дека највисоките слоеви од земјината атмосфера реагираат и дека голем студ допрва доаѓа.
-Очигледен е трендот на заладување – вели Мартин Млинчак, од НАСА истражувачкиот центар „Ленгли“ и додава:
-Високо над Земјината површина, близу ивицата на космосот, нашата атмосфера губи топлотна енергија. Ако сегашните трендови продолжат, горните слоеви наскоро може да станат рекордно ладни, најладни во космичката ера.
-Термосферата секогаш се лади за време на Сончевиот минимум и тоа е еден од најважните начини на кои 11-годишниот Сончев циклус влије на нашата планета – објаснува Млинчак
Неодамнешните студии на Млинчак и неговите соработници, покажуваат дека состојбата на термосферата варира зависно од Сончевиот циклус, а варијациите може да се опишат со помош на едноставните изрази, како: „многу ладно“, „ладно“, „неутрално“, „топло“, и „многу топло“. Сега доаѓа периодот на „многу ладно“ време.