21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Поларен циклон пристигнува, во оваа земја има снег – од среда жестока промена на Балканот

Во наредните три дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекува и први обилни врнежи од снег оваа сезона.

Ладниот фронт кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, на чии врвови се очекува најмногу снег.

Снег денеска заврна и во Словенија, но само над 2.000 метри надморска висина.

Заладување ќе се почувствува во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот од Франција и западот на Медитеранот да биде „многу ладно“.

Втор ладен бран доаѓа после среда и ќе ја зафати источна Европа и Балканот.

поврзани објави

Последни објави