Српскиот претседател Александар Вучиќ е во посета на Москва каде што во текот на утрешниот ден ќе се сретне со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
И покрај неговите обврски, претседателот на нашите соседи од Србија одлучи да се прошета со новинарите низ Црвениот плоштад во Москва.
Меѓутоа, она што го прави Вучиќ обичен граѓанин е неговиот гест кој што тој го покажа денеска, при неговата прошетка со новинарите. Имено, поради тешката опрема, тој им се понуди да им помогне со носењето тешка опрема, па на рамо го носеше стативот од камерата.