22.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024
Платено политичко рекламирање

Тасев предвиде и предупреди: На Македонија не и е потребен консултативен референдум, туку избори

Еден од попознатите политичари од десна политичка провиненција Никола Тасев пред два месеци на својот официјален ФБ профил ја предвиде ситуацијата за и околу референдумот, при што истиот предупреди дека на Македонија не и е потребен консултативен референдум од кој нема да се знае кој “победил“, туку вонредни парламентарни избори.

Тасев тогаш даде и интересен пример и постави многу логично прашање кое гласеше вака: Во средно имавме факултативни предмети, без обврска да ги посетуваме и без оценки. Обично наместо на часови игравме пикадо или билијард во блиското кафуле. Слично е и со консултативниот референдум. Зошто да се потрошат 3,5 милиони евра за ова, кога многумина тој ден ќе играат пикадо, билијард, или ќе прават скара.

Наместо ова, како што пишуваше тој во неговиот статус, повика на избори, ама задолжителни!

Идејата на Тасев беше сите партии да излезат со главна програма која ќе биде ЗА или ПРОТИВ. Кој ќе победи – негово е, односно тој ќе одлучува!

Во неговиот предлог Тасев имаше наведено дека изборите мора да бидат добро подготвени со прочистен избирачки список со временски период за активна регистрација на гласачите: сакаш да гласаш – регистрирај се, една изборна единица без изборен праг, а квалификувањето за избори да се прави со приложување на предлог од минимум 5.000 потписи на секоја изборна листа, отворени листи преку кои се запазува регионалната застапеност и уште поважно преку што во парламентот ќе добиеме личности, а не медиумски препознатливи лица.

Со тоа како што вели тој ќе постои и забрана за предизборно коалицирање, преку што ќе заминат во историјата човек партии што 20-тина години се шлепаат на една од поголемите.

Фото – статус на Никола Тасев

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави