24.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Остри реакции од сите страни, МИА чиј вработен е, се огради од твитот на Чилиманов

spot_img

Македонската информативна агенција во целост се огради од твитот објавен на социјалната мрежа Твитер, на нивниот вработен новинар Цветин Чилиманов, кој порано беше и уредник на сервисот на англиски јазик.

„МИА во рамки на своите надлежности ќе ги преземе сите мерки за утврдување на фактичката состојба и зачувување на угледот на Агенцијата, во согласност со законските прописи“, соопштија од информативната агенција.

Чилиманов предизвика скандал и негативни реакции со повик до таксистите во Скопје да се однесуваат кон новинарката Валери Хопкинс на „Фајненшл Тајмс“ како што како ликот Чичко Кумплуг од македонскиот филм „Самоуништување“, алудирајќи на тоа дека таксистот од филмот силуваше патничка. Повикот следи по твит на новинарката за односите на Македонија кон своите соседи.

„Таксист од Скопје кој бојкотирал: Бугарија мисли дека нашиот јазик не постои. Србија не ни ја признава црквата. Грците ни го блокираат името, а имаме проблеми и со Албанците. Ние немаме никаков проблем, сите други имаат со нас…“, напиша таа.

поврзани објави

         

Последни објави