Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на вчерашното гостување во емисијата „Топ шоу“ во познатата албанска телевизија Топ Чанел го обвини пратеникот Мухамед Зекир и неговата партија СДСМ за неуспехот на референдумот, пренесува „Република“.
Груби истакна дека неуспехот дојде поради СДСМ и неговите пратеници. Ова докажува и евентуално нарушување на односите на СДСМ-ДУИ и повторно приближување на ДУИ со поранешниот партнер ВМРО.
Да потсетиме дека пратеникот Артан Груби во писмена изјава соопшти дека ниту бил, ниту пак некогаш ќе биде за ВМРО-ДПМНЕ или за СДСМ.
Најверојатно поттикнат од пишувањата во медиумите дека тој го застапува крилото што фаворизира создавање Влада заедно со ВМРО-ДПМНЕ, најблискиот соработник на лидерот на ДУИ Али Амети во писмената порака изјавува: „Забележувам злонамерно, тенденциозно и интригантно оговарање во врска со личните ставови околу постизборната ситуација во земјава.
Затоа сакам да ве уверам дека ниту сум бил некогаш, ниту сум денес, и нема ни да бидам некогаш ниту со ВМРО ДПМНЕ ниту со СДСМ, туку сум верен на моите национални убедувања во целосна поддршка на заедничката албанска изјава, мојот лидер Али Ахмети и на ДУИ“, пишува пратеникот Груби.