3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Јанкулоска низ солзи: Требаше да се грижам за 2-месечно бебе, немав можност да се бранам

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска во завршните зборови на одвоената постапка за случајот „Тенк“ кажа дека според неа кај дел од судечкиот совет чиј претседател е судијката Добрила Кацарска постои пристрасност уште од самиот почеток на судскиот процес, пренесува А1 он.

Екс-министерката низ солзи ја прокоментира одлуката на Судечкиот совет во експресен рок да го заврши процесот.

– Ова е постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење на одлука во експресен период. На почетокот на Процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеци, а сега на крајот има 3 месеци, рече Јанкулоска низ солзи.

Јанкулоска смета дека овој случај немало потреба да се смета за итен и да се заврши за само 1 месец и според неа нејзината вина во очите на судот воопшто не е спорна со оглед дека била утврдена без нејзино присуство при осудата на експремиерот Никола Груевски и поранешниот заменик министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски.

Јанкулоска покрај обвинувањата кон Судечкиот совет, во завршните зборови ги отфрли сите обвинувања дека имала некакво влијание во набавката на луксузниот мерцедес, односно дека извршила злоупотреба на службената положба со поттикнување на тогашниот заменик министер Ѓоко Поповски да го нарача автомобилот мерцедес ес600 гард по желба на експремиерот Никола Груевски, а притоа да го фаворизира операторот Макаутостар.

Пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ ќе биде соопштена на 8 октомври, соопшти денеска претседателката на Судечкиот совет Добрила Кацарска, по изнесените завршни зборови.

Во „Тенк“ веќе се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор

поврзани објави

Последни објави