Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Костадин Богданов кој доаѓа од редот на реформаторите во партијата, излезе со изјава дека не очекува промена на ставот на партијата, поточно да не се гласа за уставни измени, а потоа да се донесе ставот за предвремените избори.
Како што наведува тој неговиот личен став е дека пратениците се тие кои треба да ја преземат одговорноста во Собранието.
– Мојот став е дека пратениците треба да ја преземат својата одговорност во Собранието“, кажа Богданов.
„Мислам дека власта е виновна за неуспешен референдум. Знаеја дека цензусот е невозможен со ваков непрочистен список, прашањето беше нејасно и требаше да бидат две прашања. Кампањата на власта исто така не успеа да допре до гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ“.