4.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Нашиот Дарко Димитров и Емина Јаховиќ направија песна за Јелена Розга (ВИДЕО)

Една од најголемите и најатрактивните ѕвезди во регионот Јелена Розга испеа песна што ја напиша Емина Јаховиќ Овие две дами соработуваа и ја направија фантастичната песна под името „Остани“ во интерпретација на Јелена Розга, која ја поптишува Емина Јаховиќ, додека за аранжманот беше задолжен е Дарко Димитров.

Поранешната балерина Розга во модерниот спот изгледа многу поразлично од обично заради впечатливиот стајлинг. Но покрај стилот таа сите ги изненади и со своите балетски способности со кои ги воодушеви обожавателите.

„Беше вистински предизвик за мене кога е перформансот во прашање и ме потсети на деновите од мојот живот на кои со задоволство се навратив“, вели Јелена за спотот воодушевена од соработката со Емина.

„Јелена е прекрасна личност. Веднаш ја замислив како ја изведува песната. Мислам дека публиката ќе биде изненадена. Се е некако спонтано и опуштено и навистина мислам дека тоа се чувствува во песната. Харизмата што ја има таа и како и ја изведува песната ќе ве остави без здив“, порачува Емина.

поврзани објави

Последни објави