Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, вели дека ако во Собранието има тајно гласање за уставни измени, тој ќе ја напушти седницата, пренесува порталот а1on. (ОВДЕ)
– Веднаш по завршувањето на референдумскиот ден јас го кажав личниот став, а тоа е дека за мене овој процес е завршен. ТОа значи дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот, рече тој.
Данев го повтори својот став дека нема да гласа за уставни измени, со цел промена на уставното име.
Ако се земат во предвид овие изјави на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои излегоа да гласаат на референдумот, се поставува прашањето како во една ваква ситуација СДСМ планира да убеди повеќе од деет пратеници да гласаат за уставни измени, со цел промена на уставното име.